Dark Mode Light Mode
Во изборно време избрал да ограби црква
4 пациенти починале од вирусот, 198 новозаразени, најмногу во Скопје и Свети Николе
До 17 часот излезноста стаса до 38,78 отсто

4 пациенти починале од вирусот, 198 новозаразени, најмногу во Скопје и Свети Николе

Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Од нив, најголем број се од Скопје – 83.

Ова се бројките од новозаразените во другите градови: Куманово 12, Дебар 1, Штип 21, Прилеп 2, Тетово 9, Струга 3, Велес 2, Битола 11, Охрид 3, Гостивар 10, Радовиш 7, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Свети Николе 27 и  Кичево 1

-Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово, се наведува во информацијата. Четворицата пациенти се на возраст од 49, 61, 70 и 72
години.

Реклама

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.

Досега во Македонија се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случави изнесува 3.572. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во изборно време избрал да ограби црква

Next Post

До 17 часот излезноста стаса до 38,78 отсто

Реклама