Dark Mode Light Mode

Кога ќе има санкции за пожарите, за пироманите, но и за надлежните?

Делови од Скопје до синоќа беа под црн чад. За жал така е иако е лето, нема магли, а и имаше ветар.

Од едната страна запалено стрниште кај Визбегово уништи нискостеблеста вегетација во околината, а тргна и накај куќите но беше изгаснат навреме пред да ги пеплоса. Сепак гореше долго, и борбата со него беше тешка заради ветрот. Црниот чад се чувствуваше до Центар.

Од друга страна гореше вечната депонија во среде густо населена населба – Вардариште, кај Маџари. Кога медиумиумите пристигнаа имаа што да видат: депонијата која според надлежната локална власт ќе беше само „привремена“ и „наводно“ се „чистеше“, всушност е проширена, надградена и како последно запалена.

Реклама

-Гори два-три дена, не можам да бидам сигурен. Завчера, околу 14 часот и 30 минути забележав само противпожарна служба како се враќа од таму, сигурно гаснела.. Еве денеска пак гореше. Не знам до кога вака. Треба да превземаат вистински мерки, неподносливо е. Еве самите ја гледате сликата, раскажа вчера еден од локалните жители во Маџари. Додава дека смрди на запалени гуми меѓу другото, оти се и сешто има на депонијата. А чадот се растегна повторно до Центар.

Практично, Скопје беше под облаци од чад, а деновиве и со екстремно високи концентрации на ПМ-10 во воздухот иако е лето. Надлежните молчат, одговорност никој не презема, ниту слушнавме дека се санкционираат пироманите… ни во Визбегово ни во Маџари. Изгледа предизборниот молк ги замолче и најодговорните, ама не може луѓето. Тие очекуваат одговорност за пожарите и од сторителите и од функционерите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Студирајќи на „Принстон“ увидов што е најважно за еден талент да успее

Next Post

Охридски филмски фестивал 22-26 јули на плажата Св. Стефан

Реклама