Dark Mode Light Mode
Охридски филмски фестивал 22-26 јули на плажата Св. Стефан
Денеска гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и внатрешно раселени лица
Медицинска донација од Кина во вредност од 250.000 евра

Денеска гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и внатрешно раселени лица

Со вчерашното гласање на лица заболени од Ковид – 19 и на лица ставени во изолација заврши првиот од трите дена предвидени за изјаснувањето на граѓаните за предвремените парламентарни избори. Вчера, од пријавените 759 лица за гласање своето граѓанско право го оствариле 723 лица.

-Ливчињата остануваат запечатени во ковертите кои се наоѓаат во гласачките кутии. Тајноста е загарантирана и не постои начин да се отворат овие ливчиња, ниту да се провери кој за кого гласал. Сите овие ливчиња остануваат затворени со останатите ливчиња од гласањето на 15 јули и тие нема да се отвораат до завршување на целокупниот процес, изјави вчера Борис Кондарко, член на ДИК.

Денеска, пак, е предвидено да гласаат болните и изнемоштените чиј број изнесува 8.852, потоа 1.657 лица во тринаесет казнено-поправни установи и шест внатрешнораселени лица. Правото на глас, пак, во 17. старечки домови ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Реклама

Утре ќе се изјаснуваат сите останати граѓани со право на глас.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Охридски филмски фестивал 22-26 јули на плажата Св. Стефан

Next Post

Медицинска донација од Кина во вредност од 250.000 евра

Реклама