Dark Mode Light Mode

Во Марков манастир одиш заради вера и одмор или за депонија да го правиш?

Купишта расфрлано ѓубре, пластични шишиња, кеси, кутии, хартии, секакви опаковки… денеска најдоа излетниците кои го посетија Марков манастир во близина на Скопје. Шокираните граѓани фотографии на кои се гледа колку е загадена околината на преубавиот манастир испратија и до редакцијата на „Скопско ехо“ за да се алармира за се потешкиот проблем. Тие укажуваат дека ѓубрето се наоѓа во непосредна близина на манастирот, веднаш зад ѕидот, но го има во целиот круг околу храмот.

-Не можев да поверувам дека кај манастириот ќе видам ваква глетка. Ова е вистинска депонија. Сакаат ли несовесните граѓани и околината на манастирот да ја претворат во депонија. Од манастирот ни рекоа дека вака е со денови.. Ѓубрето го оставаат излетниците и никој не го собира. Сега почна и реката да се полни со него, ни рече скопјанецот кој ни ги испрати  фотографиите.

Реклама

За хигиената не помага ниту контејнерот кој е во близина на манастирот. И околу него стои расфрлено ѓубре кое никој не го собира.

Инаку, ова популарно излетничко место и денеска беше со многубројни излетници. Тие си вртеа скари, ладеа пијалоци во реката… Што ќе остане по нив, односно, дали ќе ги соберат отпадоците по нив ќе се види веќе вечерва. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнето 251 лице, не носеле заштитни маски

Next Post

Владата му остана должна на Скопје: студентски град, клинички центар, трамвај, чист воздух...

Реклама