Dark Mode Light Mode

Зарем осредно силни ветрови ќе откорнуваат фасади?

Ветерот што вчера го разлади Скопје им дојде убаво на скопјани- но не на сите. Станарите од една скопска зграда што се најде на социјалните мрежи вриеја од нервоза оти ветерот им ја откорнал фасадата. А не беше ниту толку силен, ниту „бесен“.

Барем така се коментарите на социјалните мрежи:
-Ако од ваков ветер се откорна фасадата, ќе летне ли зградата од малку посилно дување?!
-Градителите се надминаа себе си, веќе изгледа не е мерило квалитетна градба туку кој колку помалку материјал ќе потроши а побрзо ќе изгради и ќе продаде станови, мизерија!
-Скопјани внимавајте каде и од кого купувате станови, може да летнеме како партал еден ден, исто како фасадава… се само дел од коментарите под објавената фотографија.

Кога паднала фасадата немало паркирани возила во близина па, за среќа, нема материјална штета ниту повредени. Инаку според информацијата на социјалните мрежи зградата била стара само 5 години.

Реклама

Скопје е еден од градовите кој најбрзо го промени својот лик последниве години, токму заради градежната инвазија, особено во Аеродром и Кисела Вода.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата му остана должна на Скопје: студентски град, клинички центар, трамвај, чист воздух...

Next Post

Концерт на Дуња Иванова вечерва пред МКЦ

Реклама