Dark Mode Light Mode

Филипче: Ако има потреба ќе препорачаме рестриктивни мерки

Ако во било кој момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка, дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во било кој дел од земјата, тоа ќе го препорачаме, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека деновиве ќе разговараат со претставници на здравствените власти на Србија и на Косово за состојбата со корона вирусот и за потенцијалните ризици по Македонија.

Одговарајќи на новинарски прашања врзани за зголемувањето на бројот на заболените од корона вирусот во Србија и во Косово тој рече дека во Владата и во Комисијата за заразни досега не се разговарало за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од овие земји.

–Засега не, заради тоа што досегашните официјални податоци не укажуваа на така голем број, иако имавме информации дека нешто неофицијално се случува. Ќе разговараме деновиве со претставници на нивните здравствени власти за да видиме каква е ситуацијата, кои се потенцијалните ризици по нашата земја, изјави Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.

Реклама

Прашан дали политичарите се доволно заштитени за време на изборната кампања, Филипче потенцира дека јасни се принципите и важат за сите, за секој собир.

– Да се носат маски и да се одржува дистанца. Секој кој не почитува го доведува во ризик сопственото здравје и секако здравјето на сите во околината, нагласи Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починаа 4 пациенти на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, новозаразни се 120 лица

Next Post

Чаир се доближува до 500 активни случаи на Ковид 19, Гази Баба кон 200, бројот расте и во Карпош

Реклама