Dark Mode Light Mode

Како кандидатот за пратеник до сега заработувал во животот, колку имот има?

Скопјани друго сакаат да слушнат во кампањата

Многу работи ќе се кажат во кампањата. Многу од тие работи воопшто и нема да ги интересираат скопјани, но партиите ќе ги верглаат на големо нивните зацртани агенди. Што всушност граѓаните сакаат да слушнат и видат од кандидатите за пратеници?

Во разговор со неколкумина скопјани се добива впечаток дека на оние на кои им е наменета кампањата – кампањата не им е интересна. Не им се интересни и меѓупартиските напаѓања, оцрнувања…, одвратни им се големите лажни ветувања за силни вработувања и милијарди евра…

Реклама

Граѓаните велат дека е време партиите да го престават секој еден кандидат за пратеник, за да видат каков е, што направил во животот…

Еве неколку конкретни прашања на скопјани на кои треба да се добијат одговорите при презентацијата на кандидатите за пратеници:

Што кандидатот работел до сега во животот, како заработувал?

Колку имот има и дали некогаш волонтирал за доброто на сите?

Како ќе биде поблизок до избирачите отколку до својот партиски шеф?

Лично колку избирачи од својот реон знае?

Во колку партии претходно бил член?

Дали за него имало полициска истрага или бил дел од афери?

Како тој ќе придонесе во борбата за подобро утре на Македонија?

Треба ли уште да се омаловажува државата пред секој кој и се намерачил?

Треба ли да се намали бројот на министерства?   

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнети 672 лица, не носеле заштитни маски

Next Post

Лани во Македонија 601 лице повеќе починале отколку што се родиле

Реклама