Dark Mode Light Mode

Вториот бран пак мавна: 163 новозаразени од вирусот, починале 3 пациенти

Починаа три пациенти од вирусот. Ова пред малку го соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук.

Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во Македонија.

По градови: -Скопје 70, Куманово 2, Дебар 6, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4 и Ресен 4 лица.

Реклама

-Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни, стои во соопштението.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: нема потреба од рестрикции на движењето, есенските месеци носат ризик

Next Post

Осум скопски општини со повеќе од 100 лица заразени од вирусот, најмногу во Чаир 421

Реклама