Dark Mode Light Mode

Казнети се 20.327 лица кои не носеле заштитна маска

Полицијата досега казнила 20.327 лица кои не носеле заштитна маска, што претставува законска обврска од 1 мај за сите граѓани на Македонија.

-Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Ковид-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 20.327 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 618 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на Фејсбук.

Според законот, казна од 20 евра ќе му биде изречена на секое лице кое нема да носи заштитна опрема, односно маска, шал, марама и слично во затворени простории, како маркети, банки, пошти, чекалници, здравствени институции.

Реклама

Чулев апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Напикал во камиот 64 мигранти, избегал кога полицијата го застанала кај Струмица

Next Post

Владата се корегира: Продолжен рокот на операторите за пререгистрација на програмските сервиси

Реклама