Dark Mode Light Mode

Нови „бомби“: Ден Дончев става пари во торба

Предизборието донесе нови „бомби“ кои овој пат го таргетираат-односно во нив главна улога има екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, кој како човек од доверба на Зоран Заев, беше поставен на таа функција. Бомбите се состојат од разговори и снимки, поточно на канал на Јутјуб се објавени три снимени разговори и едно видео без тон.

На видеото се гледа како Дончев става во торба купче на пари, а на аудио-снимките се слушаат разговори поврзани со продажба на фирма каде било издејствувано да интервенира полиција. Се споменуваат имињата на Заев, обвинителката Вилма, адвокатот Медарски и директорот на финансиското разузнавање.

Заев веднаш посочи дека ова е дел од предизборната игра во која опозиционерите влегуваат без идеја.

Реклама

-Снимката ја видов и ќе го прашате Ден Дончев да ви каже каде е таа снимка. Едно што знам, секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува внатре, кој е мој адвокат, многу често ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со “Тотал ТВ“, каде меѓу себе сопственици воделе пријави до полиција и слично и полицијата постапувала со Тотал ТВ, но секако ќе си каже и Ден Дончев, не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

За разлика од него, за ВМРО-ДПМНЕ овие снимки се доказ за криминал во највисоките владини структури.

– Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера? Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев, истакна опозиционерот Александар Николоски.

За потсетување, пред извесно време Ден Дончев ненадејно си даде оставка од директорското место. Беше соопштено дека тоа е поради здравствени причини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Чаир со 394 заразени лица од вирусот, Гази Баба 156, Бутел 144...

Next Post

Филипче: Се предлага отворање на казината и теретаните

Реклама