Dark Mode Light Mode

Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Ќе има времен прекин на телевизиските програми. Имено, македонските кабелски и сателистски оператори информираат дека од 21 јуни (недела) се принудени да почнат со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на јавниот сервис МРТ.

Овој нивен чекор, како што самите велат, се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски.

-На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници, кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение. И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сè повеќе се комплицира. Одлуката за времени прекини ја поддржуваат сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија.

Реклама

Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ-стандардите и е веќе уставно регулирано со закон.

Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа уредба им наментува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрирните странски канали во рок од 60 дена.

Сите оператори по истекот на овој период, односно на 8.8.2020 ќе треба да ги исклучат странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга страна бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту, пак, моќ да го контролираат, се наведува во соопштението на операторите.

Оттаму порачуваат дека се отворени за соработка и дека понудиле предлог за измена на Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добијат прифатливо решение што ќе го превенира потенцијалниот медиумски и информативен мрак.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Камерите на сообраќајниците ќе ги користам за казнување на насилниците

Next Post

156 новозаразени, 100 се во Скопје, шестмина пациенти починале од вирусот

Реклама