Dark Mode Light Mode

Камерите на сообраќајниците ќе ги користам за казнување на насилниците

Градежниот инжењер, Љупчо Фидановски, одговара на прашањето – кои три работи прво би ги направил, ако тој е градоначаник на Скопје…

  1. Лек за нашиот сообраќаен менталитет

Колку се почитуваат прописите во сообраќајот доволно можеме да се увериме секојдневно на нашите улици. Кршењето на прописите и создавање на опасни ситуации се постојани, а бројни се и несреќите со многу жртви и повредени лица. Граѓаните се вадат на наш „менталитет“, но лек за него е изрекнувањето на санкции. Како градоначалник би поставил нови камери и би ги ефектуирал постоечките за да служат за казнување на насилниците во сообраќајот. Тоа е технички изводливо и јас тоа би го направил.

2. Уредување на секој запуштен простор

Реклама

Во речиси секоја населба, од центар па кон периферијата, има запустени простори. Зошто тие простори да не се уредат и оплеменат. И тоа не било како, туку по проекти на стручни експерти, Ова се однесува и на периферните населби и јас тоа што побрзо би го иницирал. Освен ова, би ја унапредил соработката на граѓаните со патролните полицајци кои ги сметам за едни од најважните за функционирање на општините во секој смисол.

3. Тимови за решавање на проблемите

Би оформил и тимови кои стрикно би работеле на конкретни проблеми. На пример, паднал сообраќаен знак, отпаднал бекатон од тротоарите, дупки по сообраќајниците, посебно прилагодување на шахтите со нивото на асфалтот итн. Такви „ситни“ проблеми има насекаде по градот и треба да се решаваат. Но, тоа решавање да има континуитет.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пукано во моторџија кој носел панцир во Чаир, тој возвратил па го сокрил пиштолот

Next Post

Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Реклама