Dark Mode Light Mode

Чаир предничи со 235 заболени, Бутел, Аеродром, Гази Баба и Центар се доближуваат до стотка

Скопската општина Чаир и натаму е подрачје со најмногу инфицирани-заболени од корона вирусот, но загрижувачки е што и во другите општини се зголемува бројот на заразени. Ова го покажува статистика на Институтот за јавно здравје според која во Чаир заклучно со вчера има 235 заболени од вирусoт. Тоа е за 26 заболени повеќе отколку завчера и што е речиси двојно зголемување на бројот на новозаразените во однос на претходните денови кога се регистрирале по околу десетина нови случаи.

Зголемување има и кај другите скопски општини: во Гази Баба има вкупно 89 активни случаи, во Бутел – 88, а во Центар и Аеродром по 87. И во овие општини вчера е забележано зголемувањето од 12 до 14 пациенти наспроти досегашниот просек од по 7-10 случаеви.

Од листата со заболените се гледа дека во Карпош-79 заболени, Сарај-75, исела Вода-52, Ѓорче Петров-39, Шуто Оризари-29, Студеничани-25, Арачиново-30, Петровец-7, Чучер Сандево-6, Сопиште-3, странци-2 и двајца заболени за кои се уште не е утврдено од која општина потекнуваат.

Реклама

Директорот на Институтот за јавно здравје на Скопје Арбен Зибери неодамна изјави дека бројот на кластерите со болните во главниот град од 15 е зголемен на 41.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починаа двајца пациенти од вирусот, новозаразени се 164 лица- повеќето во Скопје

Next Post

Чулев: Одлуката за непродолжување на вонредната состојба е без консултации со најважни институции и отвора сомнеж

Реклама