Dark Mode Light Mode

Убиецот на 17-годишното момче во Ново Лисиче осуден на три години затвор

 На тригодишна затворска казна е осуден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за убиство на 17-годишниот Никола Христовски лани во скопската населба Ново Лисиче, потврдија денеска за „Скопско ехо“ од Основен кривичен суд Скопје. Сторителот беше обвинет за кривичното дело убиство на миг предвидено со член 125 од Кривичниот законик. Овој член предвидува тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Според сознанијата, надлежниот обвинител вложил жалба на вака изреченета пресуда.

За потсетување, убиството се случи лани на 14 август во „Паркот на музиката“ и предизвика големо внимание во јавноста. Сега веќе осудениот, тогаш при расправија извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Веднаш Христовски бил пренесен во Ургентниот центар каде му бил извршен хируршки зафат, но наскоро починал.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Силвија Стојановска останува во куќен притвор, ќе и се суди за шверц на кокаин

Next Post

За едни општините мајки, за други маќеи: само две ги ослободија родителите од плаќање градинка

Реклама