Dark Mode Light Mode

Набрзинка донесениот полицискиот час ги изненади угостителите, дел не вршат достава

Добавувачите на храна, супермаркетите и останатите угостители се најдоа затекнати од доцна најавениот полициски час. Се жалат дека немале време да се подготват, па дел од нив не ни вршат достава. Што се однесува до маркетите барем оние поголемите, и тие се најдоа неподготвени. Тоа се виде уште во четвртокот пред полицискиот час. Околу 18 часот леб немаше во ниеден од поголемите супермаркети во градот.

-Не затекна неподготвени, не знаевме дека ќе има полициски час, но имаше најава. Ние кои вршиме достава мора да работиме, нема многу работа, подготвени сме со залихи, но се зависи од динамиката на работа – вели Трајче Т., угостител.

Сепак помалите продавници поминуваат подобро.

Реклама

-Навистина доцна најавија дека ќе има полициски час но ние како локална продавница имаме постојано залихи за нашите потрошувачи. На прво место, најмногу се нарачува алкохол, прехрамбени производи итн, вели трговецот Дамјан Д.

Луѓето сега нарачуваат и пазарат по телефон, ама секако изборот на продукти е помал отколку минатите викенди под полициски час.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Имаме втор бран, кратко ќе трае, имаме добра стратегија...

Next Post

Репризи на „Култура во време на корона“ за карантинскиот викенд

Реклама