Dark Mode Light Mode

Облачно со повремени врнежи, нестабило и утре

Променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд и услови за ретки грмежи, е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Од утре се очекува во претпладневните часови да има повеќе сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат до 29 степени.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Репризи на „Култура во време на корона“ за карантинскиот викенд

Next Post

Почнатите постапки за избор на раководен орган на универзитетите ставени во мирување

Реклама