Dark Mode Light Mode

Градски советници од ВМРО-ДПМНЕ: имаме аудиодоказ дека Шилегов и Начевски планираат купување на три нови џипа

Лагата излегува на површина. Коста Начевски, директор на „Дрисла“, поставен од Петре Шилегов, брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување  луксузен џип за своите потреби како директор, обвини Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Еве и доказ и признание за тоа. На онлајн седницата на Советот на град Скопје претставникот испратен од Начевски и ‘Дрисла’, Дијана Велјаноска-Живановиќ, изјави: „да, се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот“, затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.

Во прилог доставуваме и аудиоснимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудиоснимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.

Реклама

Лажгото Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага и треба да ѝ се извинат на јавноста.

Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување  џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.
Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите, кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови, додаваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Зeкири се заразил на ифтарска вечера кај брат му; Зекири: не сум бил на таква вечера

Next Post

Анализите ќе покажат дали ќе се воведе карантин во Сарај, Чаир, Гази Баба и делови од Штип

Реклама