Dark Mode Light Mode

Од 298 активни случаи на заболени од вирусот во Скопје, 73 се од Чаир, 44 од Сарај…

Скопската општина Чаир има 73 активни случаи на заболени граѓани од корона вирусот. Тоа е општината каде има најголем број на заболени во Скопје.

Инаку, во скопското подрачје сега вкупно се болни 298 пациенти. Ова го покажува последната анализа на Институтот за јавно здравје.

По Чаир, Сарај е општина во која, исто така, има голем број на заболени граѓани – вкупно 44. Голем број на заболени има и во Бутел – 37, а потоа следуваат Аеродром со 33 заразени жители и Гази Баба со 31 случај.

Реклама

Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави можно воведување на карантин за општините Чаир, Сарај и Гази Баба. Но, за тоа решавачко ќе биде движењето на бројот на новозаболените во претстојните денови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вчера значително се зголеми и број на граѓани ставени во изолација - 337

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89, власта мора да преземе одговорност

Реклама