Dark Mode Light Mode

Потврдени 89 новозаразени од вирусот- повеќето во Скопје и Штип, починале 7 пациенти

Во последните 24 часа во Македонија се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Најмногу од случаите се регистрирани во Скопје – 35 и Штип – 27. Останатите се во: Куманово 12, Прилеп 1, Тетово 7, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 4 и Свети Николе 1.

-Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години, се наведува во информацијата.

Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје 2, Прилеп 12 и Велес 3.

Реклама

-Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев е упорен: Избори ќе има на 5 јули

Next Post

Заев: Зeкири се заразил на ифтарска вечера кај брат му; Зекири: не сум бил на таква вечера

Реклама