Пронајдено украдено возило од страна на припадниците на МВР. Имено, полицијата синоќа го пронајде автомобилот во сопственост на ЈП „Државни патишта“ – Скопје, кое пред три дена беше украдено на улицата Ѓорче Петров.
Од МВР информираат дека возилото го нашле полициски службеници на патот од селото Шишево кон Грчец.
Станува збор за возило од марката „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.
За потсетување: Во моментот на кражбата, возилото било оставено со клуч на вратата.