Dark Mode Light Mode

Уапсени тројца македонски државјани кои во Белград краделе по станови

Тројца македонски државјани, од кои едниот имал и српско државјанство се уапсени во Белград по сомнение дека извршиле повеќе кривични дела тешка кражба.

Уапсените се на возраст од 23, 24 и 31 година, а српската полиција ги сомничи дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а до обвинителството во Белград ќе бидат поднесени и кривични пријави против нив.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 419 заразени, има 8 починати за 24 часа и уште 6 од претходно

Next Post

Туристи договараат аранжмани со „Беса Транс“, надлежните тврдат не можат ни вонреден надзор да направат

Реклама