Dark Mode Light Mode

Заев вечерва ќе ги информира владините коалициски партнери за Алтернатива

Премиерот Зоран Заев вечерва во 18 часот во Владата на заедничка средба ќе ги информира партиите од владината коалиција за договорот за влегување на Алтернатива во Владата.

Изјави не се предвидени, а по средбата ќе има соопштение.

Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри, објавија вчера лидерот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев кои вчера потпишаа и програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата.

Реклама

Во меѓувреме, на 12 декември СДСМ ќе избира наследник на Заев, кој ќе ја напушти и премиерката функција.

За составот на новата Влада ќе одлучува новиот мандатар и тоа ќе биде по неколку недели.

За кадровските решенија ќе решава Централното претседателство на Алтернатива откако ќе поминат внатрепартиските консултации за имињата со кои ќе учествуваат во извршната власт.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Љупчо Николовски не знае дали ќе остане во новата влада

Next Post

Фатен како краде во објект на улица „Македонија“

Реклама