Dark Mode Light Mode
Алтернатива вечерва ќе одлучи да или не во Влада
Владата најверојатно ќе ги замрзне цените на основните производи
Што треба итно да преземе Градот Скопје

Владата најверојатно ќе ги замрзне цените на основните производи

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши.

Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата. Оваа најава не доаѓа директно од Вадата туку ја најави министерот за економија во изјави за медиуми.

-Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и ќе се донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Крешник Бектеши.

Реклама

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе Србија и че важи 60 дена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Алтернатива вечерва ќе одлучи да или не во Влада

Next Post

Што треба итно да преземе Градот Скопје

Реклама