Dark Mode Light Mode

Раководителка во Агенцијата за вработување три години си пазарела со службената картичка

Раководителка во Центарот за вработување при Агенцијата за вработување за три години злоупотребила над 10 илјади евра, службени пари, кои ги потрошила за сопствени потреби.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, против С.А (36) поднесе кривична пријава поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што појаснуваат во соопштението од МВР, пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 1.1.2014 до 30.4.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот.

Реклама

-С.А. со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за извршување на буџетите и Законот за спречување на корупција, во периодот 2014-2017 година, за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР), велат од МВР.

 

се наведува во соопштението од МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вардар 1961 во обид да ја прекине негативната серија на порази во ЛШ

Next Post

Од утре повторно нема возови - железничарите не го добија вториот дел од платата за октомври

Реклама