Dark Mode Light Mode

За една недела починале 26 целосно вакцинирани лица, најголем број биле со „Синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 26 пациенти биле вакцинирани, а само еден од починатите немал хронично заболување и имал 80 години, информира Министерството за здравство.

Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со вакцината на „Астразенека“, четири починати пациенти примиле вакцина „синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“.

Според податоците од Министерството за здравство, најголем број од лицата кои биле вакцинирани и кои починале од коронавирус имале кардиолошки заболувања и дијабет. Останатите имале белодробно заболување, бубрежно заболување, невромускуларно заболување, хипотироидизам и малигно заболување.

Реклама

Денеска Комитетот за имунизација донесе одлука сите кои се вакцинирале со кинеските вакцини да примат трета доза три месеци по втората, наместо шест како што е препораката за другите типови вакцини.

Со вакцината „Синофарм“, беа вакцинирани и најголем дел од членовите на Владата. Мешу нив во мај беа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вакцинираните со кинеските вакцини трета доза ќе примаат три месеци по втората

Next Post

Во кафеана на маса може да седат колку сакаат гости - се укинува ограничувањето

Реклама