Dark Mode Light Mode

Еурофарм Пелистер против француски Ним на стартот на Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер ги почнуваат натпреварите од групната фаза во Европската ракометна лига. Во првото коло битолчани го пречекуваат францускиот претставник Ним.

Според Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер, Ним е клуб за респект заради квалитетот и државата од која што доаѓа.

– Претстои тежок меч, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична екипа и репрезент на францускиот ракомет, цврста и многу брза. Подготвени сме за малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа. Натпреварите во домашната лига дадоа придонес, иако Европа е нешто поинаку и тешко е да се споредува квалитетот. Важно е што со нас ќе биде и публиката, истакна Бабиќ пред вечерашниот натпревар во Битола.

Реклама

Ракометната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Ним почнува во 20:45 часот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се отвора изложбата на Трипков со наслов „Изолациско расположение – креативни рефлексии“

Next Post

Писменце до Заев со пенкало напишано 

Реклама