Dark Mode Light Mode

Дел од кандидатите за градоначалници се разбудија како победници, а граѓаните со истите маки

Првиот изборен ден заврши. Се бројат гласовите од страна на Државната изборна комисија, дел од кандидатите се победници уште во првиот круг. Дел ќе се тркаат во втор круг за да седнат во удобната фотелја.

Утрото пак си почна вообичаено за граѓаните. Со инфраструктурни проблеми, со слаба активност на институциите… На пример, сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост, наспроти хотел „Дебарски Бањи”, се одвида само по една лента, заради тоа што е затрупан од свлечиште.

Надлежните институции предупредуваат да се прилагоди брзината на движење, возилата внимателно да циркулираат, но не само тука, ами секаде каде што постои опасност од свлечишта.

Реклама

Секако дека предупредувањето од надлежните е неопходно за да знаат возачите каде да се пренасочат. Но не е доволно. Особено не кога се работи за постојани опасности од свлечишта кои се повторуваат некогаш и на најмал дожд. Зошто до сега не е обезбедено свлечиштето на патот Дебар-Маврово Ростуше? Зошто локалната власт или или пак државното надлежно претпријатие не поставила заштитни мрежи или поинакви бариери за камењата да не го потрупуваат патот?

Додека кандидатите за градоначалници слават, опасноста од свлечишта демне и кај делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево… Ќе биде ли поинаку наскоро или..?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

329 новозаболени од Ковид-19 во Македонија, починале 18 пациенти

Next Post

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Реклама