Dark Mode Light Mode

(ФОТО) Ја знаете скулптурата „На кафе“ од Кеј? Ене ја зафрлена во преминот на ГТЦ

Во едни поранешни времиња, властите беа опседнати со поставување споменици и скулптури. Девојче на пешачки, Скопјанка, Бик, Капачка во Вардар, Маски, Излет… се само дел од некои од бронзените изработки кои беа поставени низ градот.

Па се сменија времињата и властите, и некои од нив беа дислоцирани. Некои со право – како онаа на Девојчето на пешачки кое на Рекорд беше поставено баш на пешачкиот и во положба како да сака да падне, поради што беше преместена, бидејќи осташе малку непријатен впечаток.

Некои беа и оштетени, како онаа со Бикот, на кого му ја искоррнаа опашката, па до ден денес го полнат со отпадоци.

Реклама

На Кејот беа поставени неколку такви бронзени дела: Излет, На кафе… Ако се прашувате што е со нив, за едната имаме сигурен одговор: Ене ја во еден од премините на ГТЦ поставена покрај еден влез, „седнати“ на жардињери со исушено цвеќе и наоколу со отпадоци.

Автор на скулптурата е Ристо Станковски кој доби три први награди на конкурсот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Негови се и другите две „Маски“ и „Излет“, поставени кај Детскиот и младински театар  и на Кејот. Тие се дел од почетоците на проектот „Скопје 2014“, за што како прва награда за идејно решение му се исплатени 30.000 денари и дополнителни средства со еден договор за изработка на сите три скулптури.

Оваа скулптура беше поставена на самиот почеток на Кејот, кај експозитурата на Стопанска банка, но со реконструкција на кејот, таа заврши каде што заврши.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дали по изборите ќе се сетат на запуштениот и недовршен плоштад „Македонија“?

Next Post

И да врне и да вее... полицијата во Скопје казнува

Реклама