Dark Mode Light Mode

ЦУК: Можни се поплави поради неисчистени локални канали

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција предупреди дека се можни поплави на неколку локации, бидејќи состојбата со локалните канали, кои поминуваат низ населени местанекаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода од врнежите, доколку дојде до пообилни врнежи.

Тој потенира дека тие не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки и суводолици.

Одговарајќи на новинарско прашање, директорот на ЦУК рече дека имаат детална листа со места кои се критични, а општините ги имаат овие податоци. Тоа се: сливот на реката Вардар, а најчесто има излевање на водата кај селата Јегуновце, Раотинце и Туденце, сливот на Треска, сливот на Црна Река, сливот на реката Струмица, конкретно Струмичко Поле е подложно на поплави при зголемување на водостојот на реките Струмица, Радовишка, Оравичка, Смилјанска, Плеваја и водотеците од планината Беласица…

Реклама

Затоа апелираше до надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.

Тој апелираше и до АД „Водостопанство на С Македонија“ и до локалните самоуправи да бидат разгледани сите критични точки, да бидат исчистени, доколку е потребно на некои места да се постават насипи или да се обезбеди можност од брзо местење насипи доколку се појави потреба. Ги повика граѓаните да пријават до ЦУК, на бесплатниот телефонски број 195 ако проценат дека некаде постои опасност од поплави или можност од излевање на речните корита.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

УХМР: До крајот на денот и утре облачно и студено со повремен дожд

Next Post

Осумнаесетгодишник ранил скопјанец и го претепал неговиот син

Реклама