Dark Mode Light Mode

Денеска на црната ковид-листа има 25 починати, од нив 20 се во изминатите 24 часа

Нови 393 случаи од направени 2.974 тестирања на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 20 пациенти, сите во болнички услови. Оздравени се 397 пациенти. Бројот на активни случаи е 10.785.

Од починатите во изминатото деноноќие, деветмина се од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г, 80г ,81г, 82г и 84г),  по двајца се од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г) и по едно починато лице има од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г).

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште пет починати лица во периодот од 21.09 до 02.10. Регистрирани се три лица од Скопје и две лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, четворица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Реклама

Најголем број нови случаи има во Скопје (187), додека во другите градови бројот на нови случаи е двоцифрен. Во Куманово регистрирани се 34 случаи, во Велес 30, во Штип 21, во Прилеп 14, во Охрид и Струмица по 11 и во Крива Паланка 10. Тетово и Кичево имаат по осум случаи, Битола, Кавадарци и Пробиштип по 7, Кочани 6, Виница 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица по 4, Ресен и Богданци по 3, Кратово 2 и Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.846. Оздравени се 176.278, а починати 6.783. Активни се 10.785 случаи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кандидат за градоначалник на Новаци се обидел да удри полицаец со автомобил и незаконски снимал спот на стадион, а пријавил дека тој е жртва

Next Post

19-годишник со лажен пиштол се шеташе утрово низ „Бисер“ - заврши во полиција

Реклама