Dark Mode Light Mode

Зошто за градоначалници не се кандидираат и архитекти?

Колумна на Владимир Величковски: 

Како да се наоѓаме во чун со дупки на дното, беспомошни, а не знаеме каде ќе не однесе матицата. До кога детскиот цртеж ќе остане чист и свет? Не за долго, тие рано стануваат стар мали, незаштитени и исплашени, корона маските ги задушуваат, подвоени меѓу „настава со физичко присуство“ и виртуелните он-лајн часови. Никој не знае да им ги организира часовите на посигурен и поприроден начин. „Одговорните“ се исто така на „далечинско“ од луѓето, не сакаат да си ги извалкаат своите партиски „возвишени“ персоналитети. Образованието не е бесплатно.

До кога ќе слушаме барањата за т.н. родова еднаквост?! Одговорот е многу прост: знаеш или не знаеш да работиш! Си ги запрашал родово еднаквите министерки, директорки, судијки и други дали имаат деца односно внуци? И во образованието и дигитализацијата бараме помош од други поразвиени средини: постојано не посетуваат посредници, олеснувачи и слични ликови од некои моќни центри! Меѓутоа, дома ништо не ни е средено.

Реклама

Нема ден без да се случи некоја несреќа, да не бомбардираат со по некој случај – знак на пропаѓање и деструкција, што е меѓу другото и сигурен знак на одмазда. Зошто еднаш, одредени ликови не погледнат прво во себе, а потоа да плукаат по другите? Многу бука околу некаков непотпишан нон – пејпер (уште еден странски збор), но зошто, немаме ли друга работа?! Не се изморија ни од сеење омраза и грди зборови, вулгарности… Освен слики од кошмарната реалност, можевме да видиме и фотографија (можеби од сечени, лепени…) на посетители (велат партиски ликови) во тешко опожарената модуларна болница во која живи изгореа четиринаесет пациенти. Морбидно.

Менаџирањето на здравството било сложена работа, но затоа е во криза. Дури потоа германски стручњаци за увид (како да ние немаме способни крим-техничари и форензичари!). Сето ова влева сомнеж. Луѓето се плашат да отидат во „наша“ болница. Не е чудно. Повторно во Тетово: пожар во подрумот на станбената зграда во која не би требало да живеат луѓе. Сепак, ги слушавме кусите искажувања на обичните луѓе, беспомошноста на жителите. Такви згради  (но ретко и скромни луѓе) има и во други градови. Сцени достојни за перото на еден Селин, автор на европските „лирски гадости“ во 30-тите години на 20-тиот век.

Зошто за градоначалници се кандидираат лекари, актери, адвокати, музичари и други, а не и архитекти? Местото им е во професијата, не секогаш слабо платена. Тие „истрчуваат“ да ги бранат боите на партијата, а не животот на градот. Згасна желбата и потребата  на луѓето за разговор и дружење, но затоа се полни со недоверба и бес. Тие се сретнуваат, но ретко се поздравуваат, се гледаат еден кон друг, но и преку други комуницираат, најмногу преку рушевини кои ги создале.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Игнорирањето на македонската археологија и фолклор е една од најкрупните грешки

Next Post

За кампањите се трошат многу пари, а често гледаме евтини ветувања

Реклама