Dark Mode Light Mode

Шилегов и Арсовска ги стационираа штабовите: „Пресметка на ул. ‘Македонија’“

Иако за Град Скопје ќе се борат 12 кандидати, сепак за многумина Петре Шилегов и Данела Арсовска се сметаат за главни противници – фаворити. Барем од причина што зад нив стојат двете најголеми партии во Македонија

Дека битката меѓу нив ќе биде најжестока, најавија и првите три дена од кампањата, кога двајцата во своите настапи постојано се критикуваат меѓу себе.

Во текот на кампањата не е исклучено тие и да се сретнат на пат кон своите штабови, бидејќи и двајцата се одлучија да ги постават на улицата „Македонија“, на само стотина метри оддалеченост – Шилегов веднаш спроти спомен-куќата на „Мајка Тереза“ во поранешниот угостителски објект „Гнездо“, а Арсовска на стотина метри подолу кон улицата „Даме Груев“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Девет починати во 24 часа, уште 7 од претходните денови: Колку починати има во септември?

Next Post

Изгоре куќа во Волково, за среќа нема повредени

Реклама