Dark Mode Light Mode

Работниците се плашат да пријават злоупотреби од газдите – тоа го прават само анонимно

Работниците кај нас намногу го користат анонимното пријавување на прекршување на нивните права и речиси 62 отсто од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права биле анономни.

Најголем дел од пријавите биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци и придонеси од плата, покажуваат податоците од апликацијата ССМ – мои работнички права.

– Од податоците може да се види дека најголем број пријави или 61 процент биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата, 18 отсто во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор, 12 отсто се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос, пет проценти се во врска со безбедност и здравје при работа и четири проценти биле во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

Реклама

Во однос на тип на пријави во најголем дел или 63 отсто се жалби, 22 отсто се за прекршоци и 15 отсто се барања.

-Педесет и девет проценти од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29 отсто од пријавите се во процедура, а 12 отсто се отворени и за нив се чекаат дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос, нагласуваат од ССМ.

Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 проценти од вработени, а 13 отсто од нив се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ОЈО ќе ја истражува градбата и функционрањето на изгорената болница во Тетово

Next Post

Совет за безбедност: Лицата од Авганистан минале безбедносни проверки

Реклама