Dark Mode Light Mode

Полицијата припитомувала здивени возачи, некои биле пребрзи

Пребрзото возење е навика на многу возачи во Македонија. До кога ќе биде така?До кога здивените возачи масовно ќе ги ставаат во ризик питомите ушесници во сообраќајот, а ќе си го ставаат и својот живот во ризик?

МВР вчера на територијата на цела држава санкционирала 520 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Инаку, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

Реклама

Колкумина што возеле брзо, а полицијата не успеала да ги види и казни останува само да претпоставиме. Да се надеваме дека полицијата ќе продолжи со уште посеопфатни акции за припитомување на здивените возачи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов да не кажува што ЌЕ прави туку што направил и каде се трошеа градските пари

Next Post

Нов сој на копитари во градот

Реклама