Dark Mode Light Mode

Изменет режим на сообраќај во Скопје

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 година (среда) ќе се одржи централна прослава „30 години независност”.

Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 година (недела), од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

Реклама

– бул. „Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу” до ул. „Кирил и Методиј”.
– ул. „11 Октомври” на потег од ул. „Крушевска Република” до ул. „Димитрие Чуповски”.
– ул. „Филип Втори” на потег од бул. „Гоце Делчев” до ул. „11-ти Октомври”.
– кеј „13–ти Ноември” на потег од ул. „Филип Втори” до бул. „Кочо Рацин”.
– ул. „Мирче Ацев” на потег од ул. „Филип Втори” до бул. „Кочо Рацин”.
– ул. „Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски” и
– ул. „Даме Груев” од крстосница со ул. „Македонија” до ул. „11-ти Октомври”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Земјотрес во Струмица

Next Post

Нема ден да не се лудува по Скопските улици

Реклама