Dark Mode Light Mode

Се обновува страничното зеленило на „Партизанска“

Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ова е на барање на жителите на Општина Карпош, бидејќи ова зеленило били сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување.

На оваа површина че биде поставен целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај.

Реклама

Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје се повеќе ми заличува на голем трговски центар со копии на секој чекор

Next Post

ДИК: Досега собрани потписи за 21 независен кандидат за градоначалник и 42 листи за советници

Реклама