Пожарите во Македонија уништија 10 000 хектари земјиште, односно 450 илјади кубни метри дрвја. Ваквата статистика е поразителна бидејќи се пеплосани белите дробови на македонската територија, за со децении трае нивното обновување.
Според проценките на надлежните чистењето на изгорените дрвја и засадувањето на нови ќе ја чини државата две милијарди денари. Но, не се само овие 450 илјади кубни метри дрвја и не се само овогодинешните пожари. Македонија ја живее истата приказна речиси секое лето, но никогаш не се кажа детално дали и колку реално се обновени, и колку дрвја се посадени на територијата на пеплосаните површини.
Сите голготи со пожарите, според минатото искуство низ годините, завршуваат со проценки дека
Околу 32,5 милиони евра се штетите од пожарите. Од 135 пожари, во Национални Шуми процениле дека биле опожарени околу 10.000 хектари земјиште или 450.000 кубни метри дрвја. Чистењето на изгорените дрвја и почва и засадување на нови, државата ќе ја чини две милијарди денари. Овие неколку недели шумарски инспектори прават проценки на терен, а по нивното завршување треба да ги задолжат Национални Шуми во рок од две години да засадат нови дрвја. Допрва ќе се проценува какви дрвја ќе се посадуваат на локациите.