Dark Mode Light Mode

Николоски: Владата го крши законот, по промената на власта одговорност ќе има

Со одлуката да почне да печати лични карти без да биде изгласано законското решение во Парламентот актуелната власт повторно го крши законот, најави денеска Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека после промената на власта во Македонија, која ќе се случи после претстојните локални избори, ќе следи одговорност.

-Ќе има одговорност како за аферата со „Пасошите” така и за тоа што околу 40.000 македонски државјани кои во последниве месеци се сликале за лични карти а истите не можеа да ги подигнат, при што истите беа соочени, меѓу другото, со неможност од банките да ги подигнат своите плати и пензии, потенцира тој.

Реклама

Одговорајќи на новинарско прашање за вчерашната одлука на владата личните карти да се издаваат на новите обрасци со користење на новото уставно име иако законот не е поминат во Собрание, тој потенцира дека ова не е прв пат власта да крши закони.

-Всушност, четири години го кршат закони и во таа насока, после промената на власта која што ќе се одлучи после локалните избори, ќе има одговорност. И да ги предупредам сите кои што работат во МВР и од други институции да бидат внимателни, за многу поситни работи луѓе се по судови сега, така што за вака крупна работа ќе одговараат како што и одговорноста за аферата за „пасошите” нема да заврши кај овие ситни риби кои што сега одговараат и кои што мораа да одговараат за да крупните риби не одговараат, истакна Николоски.

Тој додаде дека до денес не стигнало ниту потврда, ниту демант на неговото прашање дали 40 илјади македонските граѓани беа доведени во таква ситуација за да се намести тендерот за обрасци за лични карти како што беше и случајот за авионите за гаснење пожар.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бегалците од Авганистан нема да одат во карантин, прво ќе им се прави ПЦР тестирање

Next Post

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Македонија

Реклама