Dark Mode Light Mode

Три лица затекнати на Водно и задржани во станица

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска на 06.08.2021 во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила.

Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движеле во шумскиот појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.

Реклама

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои се подолго време изложени на сонце и можат да предизвикаат пожар.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Итно се повлекуваат неколку видови сладолед увезени од Франција и Полска

Next Post

Пет години од апокалипсата во Стајковци која одзеде 22 човечки животи

Реклама