Dark Mode Light Mode

Власта се пишмани за прагот од два отсто – Заев вели може воопшто да нема

Предлог-измените на Изборниот законик, кои предвидуваат дека независните листи мора да соберат потписи од два отсто од избирачите во една општина за да се кандидираат на локалните избори, ќе бидат тргнати од предложениот закон, најави премиерот Зоран Заев.

Прагот ќе изнесува или еден отсто или воопшто ќе го нема.

-Секако дека не се плашиме од независни листи. Вчера поминав цел дел во парламентот и ги слушнав пратениците буквално од сите пратенички групи, укажувањата од стручната јавност се прифатливи и верувам дека веќе е изнајдено решение. Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа и од експертската јавност, но и од помалубројните партии заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат прагот за неопходен број собрани потписи за поднесување на независните листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален прагот од два отсто, веројатно на еден отсто или можеби и укинат. Како ќе одлучат пратениците, јас како политичар тоа ќе го поддржам, изјави Заев денеска.

Реклама

Предлогот за праг од два отсто, покрај тоа што предизвика бурни реакции кај помалите партии и кај активистите кои најавија независни листи на претстојните локални избори, се коси и со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Европската агенција за превенција на болести препорачува да не се патува на Миконос, Крит, Родос, Санторини...

Next Post

Можна е препорака за трета доза против ковид и рестрикции заа невакцинираните

Реклама