Dark Mode Light Mode
В петок наутро авионско прскање против ларви од комари
Адвокатите на Камчев: Тој е во многу лоша состојба, во Шутка го лекуваат со сол и газирана вода
Приведени тројца насилници од Бојане

Адвокатите на Камчев: Тој е во многу лоша состојба, во Шутка го лекуваат со сол и газирана вода

Правниот тим на бизнисменот Орце Камчев, кој во моментов се наоѓа во притвор, преку соопштение ја информира јавноста дека неговата здравствената состојба е, како што велат, исклучително алармантна, континуирано се влошува, а во затворот Скопје во Шуто Оризари, според нив, нема соодветни услови за третирање на истата.

-Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата, се наведува во соопштението потпишано од адвокатите Гоце Ристески и Александар Михајлоски.

Адвокатите информираат дека утрово Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот медицински тим, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето.

Реклама

-Во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот „медицински тим“ оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода, реагира правниот тим на притворениот бизнисмен.

Според адвокатите, сериозноста на здравствената состојба во која што моментно се наоѓа Камчев и несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по неговиот живот.

-Од правен, но и етички и морален аспект, нашиот клиент и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек, стои во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

В петок наутро авионско прскање против ларви од комари

Next Post

Приведени тројца насилници од Бојане

Реклама