Dark Mode Light Mode

Србија и Бугарија ни го одржуваат темпото на вакцинација – кај нас се вакцинираат само по 2.000 лица дневно

На вакциналните пунктови во државата вчера 2.036 граѓани примиле прва доза вакцина, а речиси исто толку и се ревакцинирале.

Според овие податоци, видливо е успорувањето на вакцинцијата, а тоа се должи на немањето ваакцини во државата. Последните кои пристигнаа се донација од Грција, од 20.000 дози , но „Астра Зенека“ кои кај нас не се даваат на лицаа под 60 години.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Реклама

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, а во државата вкупно се целосно вакцинирани 197.251 граѓани, или нецели 10 отсто.

Додека се чекаат ветените вакцини од Кина, 500.000 „Синовак“, граѓаните секојдневно се вакцинираат во Србија и на граничните премини со Бугарија Делчево и Ново Село.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Случај поротник: Антикорупциска смета дека партиската определба не е критериум за разрешување

Next Post

Наместо пресуда, на Мијалков одново ќе му се суди за апсењето на Љубе Бошкоски

Реклама