Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со нов данок трајно го поскапува дизелот за 4 денари

Се подготвува закон со ќе се зголеми данокот, односно цената на дизел горивото, предупредуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ и Зоран Заев откако го испразнија буџетот и ја презадолжија државата, сега ги зголемуваат даноците за народот да го плаќа долгот кој го направија.

Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари.

Реклама

Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година.

Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев, стои во партиското соопштение.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно време со сончеви периоди

Next Post

Од скромност ли Заев не кажува што успешно преговара со Софија?

Реклама