Dark Mode Light Mode

Промоција на „Две минути и 40 реда“ на Александра Јуруковска во МКЦ

„Две минути и четириесет реда“ е насловот на книгата од авторката Александра Јуруковска што се промовира денеска на платото пред Младинскиот културен центар. Книгата е збирка од радио-критики и новински критики пишувани во период од петнаесетина години за весници, списанија и портали.

Поделена е на два дела. Во првиот „Две минути“, се собрани избрани текстови за радиоосврти и радиопретставувања пишувани и емитувани на фреквенцијата на Македонското радио – Радио Скопје, во периодот од 2003 до 2008 година, во рамки на авторската рубрика „Книга-фаворит“.

Вториот дел “Четириесет реда“ и се посветени на новинската критика. Дел од нив се објавувани во дневниот весник „Дневник“, кога тој постоеше и имаше рубрика за култура, па дури и посебен подлисток за литература. Другиот дел од текстовите, пак, се објавувани во специјализирани списанија за литература и култура, веб-страници и магазини, а сосема мал дел од текстовите се напишани како промотивна реч за одредени автори, книги или зборници и манифестации.

Реклама

Јуруковска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ − Скопје. На истата катедра во 2012 година магистрира со труд од областа на интердисциплинарните односи на книжевноста и медиумите. Од 2001 година работи како новинар и уредник во културните и информативните редакции на повеќе медиуми во земјава.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Без електрична енергија делови од повеќе скопски населби

Next Post

Бидете внимателни кога ни го спомнуваат идентитетот!

Реклама