Dark Mode Light Mode
Се судриле три возила, повредени пет лица, меѓу нив и малолетник
Општество во служба на граѓаните: „Стоиме заедно“ за да не се фрла храна и да се намали гладта
Доаѓа викенд: Посвежо, со врнежи од дожд

Општество во служба на граѓаните: „Стоиме заедно“ за да не се фрла храна и да се намали гладта

Oд денеска до крајот на месецов ќе бидат подготовени и дистрибуирани пакети со храна, заштитни маски и дезинфекциски средства за 1.620 семејства во 20 општини.

Ова е почеток на акцијата „Стоиме заедно“ на Банка за храна Македонија со што ќе биде заокружена реализацијата на повеќегодишниот проект „ВСС Ефект“ финансиран од ЕУ.

Реклама

Целта на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во земјава за да се спречи фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладта и сиромаштијата.

-Добрите работи се подобри кога растат и се зголемуваат. Би сакал да им честитам на нашите пријатели од „Банка за храна” за организацијата и реализацијата на најголемата национална акција за борба против сиромаштијата. Општина Центар како долгогодишен партнер и соработник продолжува и наредниот период со редовни активности за проектот „Нула Глад“ во Општина Центар за најранливите категории граѓани, изјави градоначалникот на Цетар Саша Богдановиќ

Во рамки на денешната хуманитарна акција волонтираа претставници од разни здруженија, организации и институции, кои се приклучија во процесот на подготовка и пакување на пакетите кои ќе бидат дистрибуирани до крајот на месец мај.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се судриле три возила, повредени пет лица, меѓу нив и малолетник

Next Post

Доаѓа викенд: Посвежо, со врнежи од дожд

Реклама