Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра

Македонија со власта на Заев меѓу другото тоне и економски, за не цели 4 години власта на Заев создаде дополнителен долг од 2,4 милијарди евра, посочи денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека јавниот долг сега изнесува 7,1 милијарди евра, а кога СДСМ дојдоа на власт пред 4 години изнесуваше само 4,7 милијарди евра.

-Освен што за една година се затворија над 6200 компании и скоро 60 илјади лица се нови невработени, поради нивната неспособност, криминали и неодговорно трошење на народните пари, енормно се зголеми јавниот долг. За не цели 4 години власта на Заев создаде дополнителен долг од 2,4 милијарди евра. Тоа не може да се правда со било какова економска криза, затоа што во време на две кризи, светската економска и европската должничка криза кои се случија во време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кои траеа по неколку години, долгот за 11 години се зголеми за само 2,8 милијарди евра, а сега за неполни 4 години 2,4 милијарди евра, потецнираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Партијата потсетува дека во претходните 11 години долгот пораснал 2,8 милијарди, а за само 4 години власт на Заев за 2,4 милијарди.

-Доколку продолжат со вакво темпо, грчкото сценарио ќе изгледа оптимистичко. Патем во Македонија има рекордно низок процент на реализација на капитални инвестиции и никој не знае каде завршија овие пари. Ништо не се гради, а долгот на Македонија расте. Криминалната и најкорумпирана власт во Европа предводена од Заев не изгради ниту нови патишта, ниту нови болници, ниту нови училишта и детски градинки, ама затоа се задолжи тешки милијарди, кои идните генерации  ќе треба да ги враќаат, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Синовите имале долг, нападнати родителите во Гази Баба

Next Post

Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми се пласираше во Куп финалето

Реклама