Dark Mode Light Mode
Нови 25 заразени за 24 часа, 16 починати
Синдикати: За истите купени работи во април сме платиле 204 денари повеќе отколку во март
Репрезентативниот голман Мартин Томовски во најдобриот тим во Бундес -лигата

Синдикати: За истите купени работи во април сме платиле 204 денари повеќе отколку во март

Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека според ова, ниту две минимални плати не ја покриваат синдикалната минимална кошница, односно на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596 денари.

Реклама

Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу 14.332  денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 25 заразени за 24 часа, 16 починати

Next Post

Репрезентативниот голман Мартин Томовски во најдобриот тим во Бундес -лигата

Реклама