Dark Mode Light Mode

Симоновски: Противпожарната скала ни беше потребна, купена е по наши препораки

Специјализираното возило – противпожарна скала ни беше неопходна и купена е по наши препораки, изјави денеска командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски. Тој ги објасни придобивките од ваквата софистицирана опрема за работата на скопските пожарникари.

Според него, ова е возило кое спасува животи зашто овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5.кат па нагоре, а кои неретко остануваат заробени во своите домови кога пожар ќе избие на пониските катови од повисоките згради.

– Неопходно беше да се купи ваква скала, тоа се провлекува веќе 10 години и е ставена во јавни набавки од 2010 година, па наваму. Дојде време бригадата да се модернизира и да ја добие скалата во текот на овој месец или на почетокот на јуни. Противпожарната скала е купена по наши препораки, како стручни лица, направена е анализа на територијата на Град Скопје, направени се испитувања на терен за потребите на градот, но и во делот каде што се соочуваме со секојдневни проблеми поради урбанизацијата на градот за да можеме пристапните улици да ги користиме за скалата. Можевме да купиме и поголема скала, но таа немаше да има функција. Според функционалната анализа оваа скала е најсоодветна за градот Скопје, рече Симоновски.

Реклама

Тој упати апел набавката на ова возило да не се злоупотребува за дневнополитички потреби.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пензионерски маки со „Мој термин“, за вакцина ќе патуваат и по 100 километри

Next Post

Почна чистењето на големата дива депонија во Драчево

Реклама