Dark Mode Light Mode

Против Финска со Лазаров и Миркуловски

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра натпреварот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство, а противник е селекцијата на Финска.

Селекторот Кире Лазаров го одреди составот за денешниот натпревар, а отпаднаа десното крило Ненад Костески, левиот бек Михајло Младеновиќ и голманот Марко Кизиќ.Оваа средба се игра во Рихимаки, а на неа почнува потврдата на 2. позиција на табелата што не би требало да биде проблем. Македонија е фаворит на овој дуел така што доколку сè оди според планот овде победата треба да биде потврдена.

Со два бода денеска ќе биде уште полесно в недела против Швајцарија така што за очекување е селекцијата на Македонија да финишира како второпласирана во овие квалификации.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стојко Пауновски: Одбрана на интегритетот и професионалноста не наидоа на разбирање од Заев

Next Post

Приведени осум лица по полициската акција во Арачиново

Реклама