Dark Mode Light Mode

Заев за Рашковски: Можеби сум пристрасен, но никој не е виновен додека не се докаже

Законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го случајот приведувањето на екс – генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

-Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави Заев, но сепак рече да не се брза со прогласувањето на виновен, додека тоа не го докажат институциите и не го прогласи судот.

Заев уште еднаш ги повтори тврдењата дека во постапката за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, за кои е отворена истрага, нема ништо спорно и дека тој лично се уверил во документацијата.

Реклама

На новнарско прашање, дека сепак она што се појави во јавноста покажува дека Рашковски го купил софтверот што сам го направил, Заев рече дека системот е на Рашковски, а софтверот е на ФИНКИ и на компанијата од која е купен на тендер и дека не гледа ништо спорно во целата постапка. Сепак призна дека можеби е присттрасен како кон негов соработник, и рече дека ќе почека инсититуциите да го решат тоа.

– Можеби сум пристрасен, можеби не, но затоа постојат независни институции да го утврдат тоа. Важна е пораката, што треба сите да ја сфатиме, дека никој не е недопирлив во државата. Законот важи еднакво за сите и притоа треба да знаеме, дека никој не виновен додека не му се докаже вината, изјави Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид-статистика во 24 часа: 908 нови заразени, 31 починат од 11 града

Next Post

(ФОТО) Градот ќе се „шминка“ со комплексот кај Холидеј Ин, а центарот полн со „отворени рани“

Реклама